Додај свој спин!

За нас

Спинер е платформа која ги поврзува читателите и авторите, на активен начин преку кој тие заедно ги создаваат продолженијата на приказните.

 

Секој ден започнува различна приказна. Што се случува следно во приказната, е целосно до читателите. Користејќи ги резулатите од нивните гласови, ќе се одбере што следно ќе се случи во приказната, по што авторот продолжува со пишување на најпопуларниот избор.

 

Целиме кон развој на навики за читање. Оваа платформа е дизајнирана за да помогне и да ги унапреди читачките навики со тоа што ќе ги возбуди и заинтересира младите за читањето и ќе ги трансформира во читатели, преку директно ангажирање.

Во теорија, циклусот на создавање на навики е составен од 3 делови:

потсетување, рутина и награда.

Потсетувањето ја поттикнува навиката, рутината е она што го создаваме – во случајов, навиката за читање и наградата, која е бенефитот кој е добиен од оваа акција. Ако наградата е позитивна, тогаш желбата за повторување на акцијата следниот пат кога ќе се добие потсетување е поголема.

 

Како во СПИНЕР изгледаат овие три чекори?

Потсетување 

Неделни приказни кои се публикуваат кои прават читачите да се заинтересираат и да задржат внимание за содржината, и како истата да продолжи.

Рутина 

Читачите гласаат на неделно ниво за да одлучат како следно ќе се развива приказната.

Награда

Читачите создаваат во т.н. ко-создавање на книгите и разговараат со авторите преку форумот на страната.

 

Со сето ова, целиме да го подобриме ставот на децата во поглед на читањето, да го исполниме квалитетно нивното време, да ги направиме активни читатели, наспроти пасивни консумери, преку користење на технологија. Пропратно на тоа, напаѓаме конкретен проблем на земјата и целиме кон создавање и развој на вредности кај младите уште од најрана возраст.