Додај свој спин!

Услови за користење

Опис на услугите

Спинер е апликација што им овозможува на корисниците да читаат и да учествуваат во ко-креирање на книгите кои се наоѓаат на страницата. Можат да даваат идеи за книгите, да споделуваат насоки за развој на приказната, да бираат во која насока може да се движи приказната.

Кориснички налог

Спинер е достапна за користење на сите корисници, но интеракција и допринос кон содржината може да имаат само регистрирани корисници. При регистрација, корисникот задолжително ја внесува својата електронска адреса, податоци за годината на раѓање, свое корисничко име и лозинка. За децата под 13 години, кориснички профил може да направи родителот и со истата лозинка да се логира со електронската адреса или пак со името кое го избрал за своето дете. Корисниците се одговорни за точноста на внесените податоци при регистрирањето, како и за заштитата на тајноста на нивната лозинка.  Најстрого е забрането користење туѓа eлектронска адреса и лозинка без одобрение на сопственикот. Во случај на сомневање за злоупотреба на корисничкиот налог од трети лица, корисникот за должен веднаш да го информира Спинер на eлектронската адреса support@spiner.mk.

Интелектуална сопственост

Спинер е сопственик на текстот, графиката, логото и софтверот што се употребуваат во оваа апликација, вклучително и на електронските изданија во дигитален формат на книгите кои се поставени.
Секое неовластено користење на содржината на Спинер е забрането и подлежи на кривична одговорност.
Спинер е дистрибутер, но не и издавач на публикациите и останатите содржини што ги обезбедуваат издавачите, па оттаму нема никаква одговорност  за нивната содржина.

Пристапување кон содржините на апликацијата

Главна содржина на Спинер се книги во дигитален формат, поделени во повеќе категории. За пристапување кон апликацијата, пребарување на книгите и читање извадоци од понудените наслови,  корисникот не мора да биде регистриран, но за да се вклучи во интеракција на апликацијата, мора да се регистрира.
Регистрацијата му овозможува на корисникот да биде активен ко-креатор на соджината, да споделува идеи, и да го тестира своето знаење за прочитаните содржини.

Промена на услугите

Спинер го задржува правото апликацијата да биде повремено недостапна поради дополнување и промена на содржината и услугата, со или без претходна најава.

Одрекување одговорност

Спинер не дава било каква гаранција дека услугите на апликацијата ги исполнуваат барањата на корисниците, дека се секогаш достапни, точни, сигурни и бесплатни, дека содржината добиена од апликацијата е проверена и точна, дека квалитетот на било кој производ, услуга, информација или останат материјал, купен или  користен преку Спинер, ќе ги исполни нивните очекувања.
Самиот корисник презема одговорност за воспоставување и одржување квалитетна интернет врска.

Контрола

Спинер има право да отстрани било каква содржина за која смета дека е во спротивност со важечкиот Закон за јавно информирање.

Информирање за промени

Спинер  може да ги преработи овие услови за да ги одржи во согласност со своите производи и услуги. Во случај на промена во Правилникот корисникот ќе биде благовремено информиран преку електронска адреса. Во случај да не сакате да ги прифатите променетите услови, можете веднаш да побарате раскинување. Вашето пристапување и користење на апликацијата по таквите промени ќе значи ваше прифаќање на истите.

 

Ви благодариме за соработката!