Додај свој спин!

Политика на приватност

Заштита на личните податоци

Политиката на приватност го уредува начинот на кој Спинер ги собира, користи, одржува и објавува информациите добиени од корисникот (во понатамошниот текст „Корисник“) преку апликацијата или веб страната www.spiner.mk (во понатамошниот текст „Апликација“). Личните податоци можат да се обработуваат и пренесуваат само во состав на одредена специфична активност и исклучиво за целите за кои се претходно добиени. Личните податоци можат да бидат пренесени на трети страни исклучиво во согласност со законската рамка и/или со изразита согласност на корисникот. Истите се бришат или се прават анонимни веднаш по исполнување на целта за која се добиени. Политиката на приватност се однесува на Спинер и на сите производи и услуги што таа ги нуди, а во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците на лица, односно General Data Protection Regulation (GDPR).

Лични податоци

Личните податоци се однесуваат на било која информација што се однесува на идентификување или можно препознавање на некое физичко лице. Можното препознавање на физичкото лице подразбира тоа да може да се идентификува, посредно или непосредно, особено со наведување на негова e-mail адреса, телефонски број и слично.Податоците што неможат да бидат поврзани со одредено лице не се сметаат за лични. Тоа се однесува на статистичките податоци што ги собираме за вкупната посетеност на апликацијата или страницата, а не упатуваат непосредно на корисникот како физичко лице.

За корисници се сметаат

Членови, односно правни или физички лица кои се регистрирале заради временски неограничено користење на апликацијата (се до престанок на членството), а со цел купување електронски книги на начин пропишан со условите за користење.

Информации кои ги прибира Спинер

Спинер собира податоци за корисниците, вклучувајќи и лични информации, на разни делови на апликацијата, нејзината интернет страница, и тоa

    • E-mail адреса
    • Време на креирање на налогот
    • Време на промена на податоците
    • Време на последното пристапување
    • Информација за прочитани книги
      Спинер ги собира личните информации на корисниците само доколку тие доброволни ги достават истите. Корисниците секогаш можат да одбијат доставување на идентификациони информации, а во тој случај можат да бидат ускратени за некои податоци или активности на апликацијата.
      Спинер не собира свесно информации за лица помлади од тринаесет години.

Процедура за безбедност

Спинер користи најсовремени сигурносни методи за заштита на податоците. Вашите информации се чуваат во база на податоци, обезбедена со повеќекратна заштита и се достапни само за авторизиран персонал. Податоците никогаш нема да им бидат достапни на трети лица без согласност на корисникот.

Кориснички профил

Корисничкиот профил е налог на корисникот со кој му се овозможува заштитен пристап кон апликацијата со користење лозинка. Согласни сте вашите лични податоци да се сметаат за доверливи и да не ги откривате на трети лица. Спинер не презема никаква одговорност за злоупотреба на лозинката, освен доколку Спинер не е одговорен за таквата злоупотреба. Доколку не можете да му пристапите на вашиот кориснички налог, ве молиме веднаш да се обратите на support@spiner.mk.Во случај на пријавување корисникот останува пријавен се додека самиот не се одјави, или го рестартира својот систем или апликација. Препорачуваме одјавување од апликацијата доколку го делите уредот со некое друго лице.

Деловни трансфери

Спинер може да ги пренесе собраните информации, вклучувајќи ги и личните информации, во случај на продажба на поголем дел или целиот имот на компанијата. Корисникот прифаќа новиот сопственик на Спинер да продолжи да ги користи личните податоци на начин што е одреден со нашата политика на приватност.

Право на информација

Корисникот има право во било кое време да ги добие информациите за неговите лични податоци од Спинер, што биле обработени.

Право на промена

Корисникот има право да бара промена на неговите лични податоци, доколку тие податоци се неточни.

Право на бришење

Корисникот има право да бара бришење на личните податоци, во согласност со условите за користење.

Право на ограничување на користење на податоците

Корисникот може да бара користење на неговите лични податоци до одредена мерка, на пример, доколку одбие примање на маркетиншки пораки.

Маркетинг – огласување и социјални мрежи

Доколку корисникот даде согласност дека сака да добива персонализирани понуди, ќе биде користена неговата e-mail адреса. Спинер ги користи постоечките податоци, како што се потврдата за прием и потврдата за читање на newsletter-и, историја на читани книги, датум и време на посета на апликацијата или на производите што сте ги погледнале. За праќање на newsletter-и и анализа на корисничкото однесување, Спинер користи Google Analytics. Освен тоа, се анализираат и податоците за одбрани изданија, број на изданија и моментална локација на корисникот. Користењето на овие податоци е со цел да се подобрат нашите производи и услуги, нивно прилагодување на потребите на корисниците, како и комуникација со корисниците за понудата на Спинер.Со самата регистрација корисникот автоматски прифаќа праќање на маркетиншки пораки, Доколку, во било кој момент, корисникот посака да се одјави од примање е-пораки, потребно е да прати порака за одјавување од својата e-mail  адреса од која е пријавен на Спинер.

Клуб на читатели

За праќање newsletter-и Спинер користи сопствен сервер. Со помош на стандардни технологии собираме податоци за отворање на е-поштата и за бројот на кликови во рамки на е-билтенот, со цел подобрување на содржината на newsletter-от.

Кориснички сервис преку социјалните мрежи

Доколку корисникот го контактира Спинер преку социјални мрежи, неговите податоци се обработуваат и чувааат во системот за управување со корисници, а јавно објавената порака останува изложена на профилот на Спинер.

Google Analytics

Нашата апликација користи Google Analytics, услуга за web анализа што ја овозможува Google Inc. Google Analytics користи таканаречени „колачиња“, текстуални датотеки што се чуваат на уредот на корисникот и овозможуваат анализа на користењето на апликацијата. Информациите за користењето на апликацијата што ги генерираат колачињата се праќаат на Google серверите во САД и таму се чуваат. Но, доколку на апликацијата е активирана опцијата за IP анонимизација, Google најпрво ќе ја скрати IP адресата во државите кои се членки на ЕУ или во држави кои имаат склучено Спогодба со ЕУ. Само во исклучителни случаи целосната IP адреса ќе биде пратена на Google серверите во САД, каде ќе биде скратена. Во име на Спинер Google ќе ги користи овие информации за анализа на користењето на апликацијата, за изготвување извештаи за активностите и за пружање дополнителни услуги врзани за користење на апликацијата и интернетот. Во ниеден случај Google нема да ја поврзува IP адресата на корисникот со други податоци и активности на Google.    Корисникот во секое време може да го спречи прибирањето податоци што ги генерираат колачињата со инсталирање plug-in од следниот линк: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout
Начелата на приватност и сигурност на услугите на Google Analytics можете да ги пронајдете овде https://support.google.com/analytics/answer/6004245

YouTube

Нашата апликација користи софтверски додатоци (plug-in) од YouTube, што и припаѓаат на компанијата Google Inc. Во случај на посета на страницата со YouTube plug-in, доаѓа до поврзување со серверите на YouTube, а тие ќе препознаат од која страница на апликацијата Спинер е извршена посетата. Доколку сте поврзани со YouTube, тоа ви овозможува да го поврзе пребарувањето со личниот профил на корисникот. Оваа опција може да се стопира доколку претходно се одјавите од својот налог. За повеќе информации посетете ја страницата  https://www.youtube.com/t/terms.

Информации во врска со измени

Спинер  може, одвреме навреме, да ја преработи политиката на приватност за да ја одржи во согласност со своите производи и услуги. Датумот на ажурирање служи да го потсети корисникот за последните измени. Доколку промената на политиката на приватност на Спинер  има директно влијание на начинот на кој се делат личните податоци на корисникот, истиот ќе биде информиран со информација на страницата или со праќање на e-mail   порака што му овозможува да ја одбие таа измена. Во овој случај, корисникот е должен да ја информира  Спинер  со праќање e-mail порака на support@spiner.mk, со што ќе информира дека не ги прифаќа измените во политика на приватност, а тоа доведува до автоматско откажување на корисничкиот налог.

Измени, датум на стапување на сила

Оваа политика на приватност се применува врз користењето на нашата апликација, страница и услуги од страна на корисниците од  денот на стапување на сила.
Спинер може делумно или целосно да ја измени оваа политика на приватност, во било кое време и без директно информирање, со тоа што секогаш ќе објави информација за направените материјални измени на самата апликација. Советуваме, одвреме навреме, да ја погледнете политиката на приватност, со што би биле информирани за постапките на апликацијата. Доколку се противите на било какви измени, веднаш престанете со користење на нашата апликација и затворете го вашиот налог, т.е. контактирајте не без одложување.
Доколку по објавување на измените на политиката на приватност корисникот продолжи да ја користи апликацијата и нашите услуги, ќе сметаме декa собирањето, употребата или делењето на личните податоци се прифатени од негова страна.

Како да не контактирате

Во случај на било какви прашања или загриженост во врска со политиката на приватност на Спинер, како и начинот на кој се користат вашите лични податоци, ве молиме пратете e-mail на support@spiner.mk.

 

Ви благодариме за соработката!