Додај свој спин!

Маја Поповиќ


Маја Поповиќ е родена на 24.04.1987 во Скопје. Има завршено Економски факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Потоа магистрира на истиот универзитет на насока комуникации. Силно верува дека иднината на една земја зависи од таа колку се правилно насочени, среќни и исполнети децата кои растат во неа.

Инспирирана од првородената ќерка Луна, ја напиша својата прва книга Супер животни и супер моќи за мали и големи деца, со која сака на забавен начин да ги едуцира децата за начините на кои можат да стекнат лидерски
карактер, и да им ја посочи најважната работа на светот, а тоа е дека супер дете- лидер се станува, а не се раѓа.

Ги открива најважните особини и моќи преку најживотните на светот, кои сите деца треба да ги стекнат за да можат со леснотија да одговорат на предизвиците во секојдневието и да одберат правилно однесување, кое ќе им овозможи да се чувствуваат енергично и одлично, а истото ќе ги одведе на патот кон остварување големи нешта и живеење живот вреден за паметење.

Книги


Дневникот на една извидничка

Ова е Луна. Нејзината приказна започнува сега, кога на планетата Земја се појавува вирус кој бргу се шири, па таа, а и сите останати деца мора да бидат постојано дома со возрасните, во карантин. Седејќи дома почнува да истражува и открива најразлични авантури и светови...

Објавено поглавје

Прашај го авторот