
Александар Прокопиев
Александар Прокопиев дипломира на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, оддел за општа и компаративна книжевност, додека своите постдипломски студии ги завршува во Белград и во Сорбона.
Има објавено повеќе од тринаесет книги со приказни и есеи, како и неколку новели. Автор на многу сценарија, меѓу кои и “Преспав”.
Неговата колекција, “Човечулец” ја доби наградата Балканика во 2012 година. Има напишано сценарија за филм, театар, ТВ-емисии, радио драми и стрипови, а неговите дела се преведени на многу јазици. Прокопиев е исто така Уметнички директор на Меѓународниот фестивал за литература за литература „Про-За Балкан“, Скопје, Македонија.
Дел од неговото творештво се:
- Младиот мајстор на Играта (раскази), 1983
- …или… (раскази), 1987
- Пловидба кон Југ (раскази), 1988
- Слово за змијата (раскази), 1992
- Ars amatoria (раскази), 1998
- Слика тркало (хаику), 1998
- Дали Калимах беше постмодернист? (есеи), 1994
- Патување на сказната (есеи), 1996
- Антиупатства за лична употреба, 1996/2000
- Постмодерен Вавилон (есеи), 2000
- Човекот со четири часовници (раскази), 2003
- Борхес и компјутерот (есеи), 2005
- Ѕиркачот (новела), 2007
- Човечулец: бајки од левиот џеб, 2011
Книги
Викенд на Венера
Чимп. На што те асоцира? На мајмун. Е па не е. Човек е. Живее неколку години во иднината и работи во интерпланетарната полиција. Решава мистерии насекаде во Вселената. Но, малку е осамен, се додека не се појави Марга...

Објавено поглавје

Прашај го авторот

Следи ги нашите новости, нови книги и поглавја
