Додај свој спин!

Јасмина Кантарџиева


Јасмина Кантарџиева Димков e родена во 1973 во Скопје. Своите додипломски студии ги завршува во Скопје на македонски и италијански јазик и литература. Магистрира во област културологија во книжевноста.

Во новинарската и писателската фела твори и истражува дваесетина години. Се вбројува во тимот новинари кои во нашата земја го отворија процесот на независно истражувачко новинарство во деведесеттите години
(беше уредник на социјалната рубрика во неделникот „Денес“). Професионалната активност ја започна во „UNICEF“ во секторот за односи со јавност. Уредник на списанија како „Семеен Магазин“ и „Вип Гала“ со акцент на
промоција на жената во сите сфери на општествениот живот.

Активно работеше на промоција на македонската поезија во странство и на мултикултурната соработка меѓу уметниците (поезија, проза и музика) од Северна Македонија со уметниците од странство преку бројни проекти.

Од 1998 година, со издавањето на нејиниот прв роман за деца „Штрковите не носат деца“ (Магор, Скопје) е посветена на детската литература. Авторка е на седум книги од кои пет се книги/романи за деца:

  • „Штрковите не носат деца“, Магор, 1997
  • „Намасте: Езотерични разговори под Хималаите“, Македонска Матица, 2009
  • „Шаман: 77 песни и 7 раскази во 7 поглавја “, Интерпрес, Белград, 2010
  • „Актерот и Тадеуш Кантор“, публикација, Интерпрес, Белград, 2011
  • „Датура“, поезија и амбиентална музика, Концепт, 2013
  • „Цар Самуил за деца“, Македонска Матица, 2015
  • „Кучешки приказни од Тафталиџе Еден“, Арс Ламина, 2017
  • „24 часа во Еднорозија“, Арс Ламина, 2018
  • „Оџачарот Среќко“, Блесок, 2019

 

На пат е нејзината шестта книга за деца „Приказна за двете липи од Дебар Маало“. Преведувала литература на неколку јазици. Нејзината литература е преведена, исто така, на неколку јазици.

Книги


Сеќавања од Планетата на неродените

Јас сум Саше. Живеам на Планетата на родените. Имам девет години, четворица пријатели и, до сега, немав тајни, зашто секоја тајна ја споделувам со моите другари. Но, морам да кажам некому. Ќе ви откријам на вам. Вам, кои ве познавам...

Објавено поглавје

Прашај го авторот